недела, 25 септември, 2022

Рускоска останува суспендирана од работното место

Советот на јавните обвинители едногласно одлучи да го потврди нејзиното суспендирање, дадено од републичкиот обвинител, Љубомир Јовески, по кривичната пријава поднесена против неа од Управата за финансиска полиција.

Инситуцијата, пак кривичната против Русковска и другите две обвинителки ја поднесе до скопското обвинителство, откако Јовески утврди дека Обвинителството на Русковска имало пропусти при претресот во Финансиска.

„Јавната обвинителка Вилма Русковска би требало да биде одалечена од работа за да не влијае со своето присуство врз текот на постапката по тој предмет, а од друга страна да се утврди фактичката состојба по кривичниот предмет.“- Антонио Јолевски, претседател на Совет на јавни обвинители.

Според Јоелвски, Русковска би можела да влијае во постапката затоа што кривичната пријава во скопското обвинителство е врзана со анонимната кривична пријава во Организиран криминал против Муареми.

Таа, пак во телефонски разговор за Канал 5 вели дека не влијаела на ниту еден колега.

„Не коментирам одлуки на Совет на јавни обвинители. На ниту еден предмет не сум влијаела. Можете да прашате било кој обвинител.“- Вилма Русковска, обвинител

Русковска вели дека има и други обвинители за кои Обвинителството води постапка против нив, но тие, за разлика од неа, не се суспендирани.

Ова го потврди и Јолевски.

„Половина обвинители кои добиле пријави не значи дека треба да бидат оддалечени од работа.“ – Антонио Јолевски, претседател на Совет на јавни обвинители.

Русковска во петокот кога ја обжали суспензијата изјави дека има притосци од претходна Влада, но не откри детали. Јолевски вели дека обвинителите притисоците треба да ги пријават во Советот за да бидат заштитени.

„Досега до Советот, обвинителката Русковска се нема обратено за да ја заштитиме, ако имала некакви влијанија. Ниту, пак тоа произлегува во жалбата или било каде дека врз неа се вршиеле влијанија, до Советот.“ – Антонио Јолевски, претседател на Совет на јавни обвинители.

Јолевски не очекува долго време да трае суспензијата на Русковска, има инфомации дека крвичната постапка во ОЈО Скопје против неа ќе заврши за брзо време.

Од ОЈО Скопје велат дека се собираат докази од повеќе институции за наводите во пријавата, а ќе се сослушуваат и сведици, па ќе анализираат дали е издржана кривичната пријава против обвинителките. Паралелно, Обвинителството за гонење на организиран криминал акривно ги истражува наводите во анонимната пријава против Муареми за предметите во Финансиска по 2018 година.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!