Пратеникот Љупчо Пренџов за „успехот“ на членовите на историската комисија:
Патронот на МПЦ, Свети Климент Охридски, да прифатиш да биде заеднички со Бугарија, навистина треба да ти фали нешто.
Исто така, да ги “споделиш” Светите Кирил и Методиј, Свети Наум и цар Самоил, покажува дека целосно се откажуваш од автентичната идентитетската линија на Македонскиот народ.
Со овакви решенија забрзано нѐ носите кон суштинската теза на великобугарската пропаганда дека сме “еден народ, две држави”
Пак ќе ви кажам, НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА БИДЕМЕ ДРВО БЕЗ КОРЕН И ПАРИЧКА ЗА ПОТКУСУРУВАЊЕ, пишува Пренџов на фејсбук.