(ФОТО) ТРАГИЧНА ВЕСТ ГО ПОТРЕСЕ СПОРТСКИОТ СВЕТ: Кошаркарка пронајдена мртва на нејзиниот 18. роденден

Една од најталентираните романски кошаркарки Алесија Марија Рајкју била пронајдена мртва во својот дом и тоа на денот на нејзиниот 18. роденден.

Медиумите од Романија објавија дека Алесија била пронајдена без знаци на живот, а нејзиното тело било испратено на обдукција зашто станува збор за сомнителна смрт.

Младата кошаркарка не била болна, па поради целиот случај е отворено досие и се чекаат извештаите од обдукцијата за да покажат која е причината за нејзината смрт.

„Една од најталентираните спортистки повеќе не е со нас. Алесија Марија Рајкју почина на денот кога наполни 18 години. Освои голем број медали на националните првенства за млади со Олимпија Букурешт“, соопштија од кошаркарскиот сојуз на Романија.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!