петок, 29 септември, 2023

Сведоци за несреќата на српскиот автобус во Бугарија

Осум деца и четворица возрасни се повредени во сообраќајната несреќа во Бугарија, кога автобус од Србија, кој превезувал деца и возрасни од фолклорниот ансамбл Ју-Лира од Батајница, се превртел на автопатот Тракија, соопшти бугарската полиција.

Како што пренесува „дневник.бг“, во болницата во градот Стара Загора се донесени 17 деца. Очевидци кои случајно се нашле на лице место раскажуваат за Нова.бг за страшните сцени кои ги виделе на местото на несреќата.

„Патувавме, одеднаш се појави гужва.

Кога стигнавме на местото на настанот прашав што се случило и дали можеме да помогнеме.

Ни рекоа дека можеме да ги носиме луѓето во болница.

Она што го видов беше прилично непријатна глетка – деца врескаат, викаат, плачат, целосен ужас.

Имаше пожарникари и полицајци, но немаше возила на брза помош“, изјави Теодор Бочев, сведок на несреќата.

Според него, првиот човек кој им помогнал на настраданите бил лекар кој се возел зад автобусот.

Првото нешто што го видов беа деца.

Кога застанав здогледав возило од кое во страшна состојба излегуваа деца.

Го зедов комплетот за прва помош и се упатив кон повредените“, изјави за Нова.бг, Живко Стамболиев, друг сведок на тешката несреќа.

Извор: Vecer press

Коментари

коментари