недела, 25 септември, 2022

ПРИЧИНЕТА Е ГОЛЕМА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА: Поплавени десетина куќи во Кавадарци, невреме со пороен дожд најавен и за денеска

Во Кавадарци се санираат штетите по вчерашното невреме кое поплави повеќе куќи и ја оштети главната улица во средишниот дел..

Поплавени подруми во 30 објекти, излеана канализација, паднати дрва, блокирани улици…. Ова е билнасот од синоќешното невреме кое најмногу го погоди Кавадарци. 50 пријави пристигнале на адреса на надлежните служби кои веднаш реагирале и на терен работеле до раните утрински часови.

Градот за кратко време бил нормализиран, а во текот на следните два дена ќе се изврши негово целосно миење и чистење. Градоначалникот Митко Јанчев за Канал 5 вели дека во наредните денови ќе се врши и проценка на материјалните штети па ги повика граѓаните да пријавуваат.

Вчера попладне големи наноси на дожд наврнаа речиси во цела Македонија. Од ЦУК инфомираат дека штети се пријавени и во Штип. Се поплавила подрумска просторија од затната канализација, а од ЈП Исар се известени за проблемот.

Невреме се најавува и за вечерва. Од УХМР инфомираат дека врнежи на одредени места има од утринава, а просечните температури се под просечните за овој период од годината, се движат до максимум 28 степени.

Сонцето повеќе ќе грее веќе од утре, велат од Управата. А, високите температури до 39 степени граѓаните да ги очекуваат веќе наредниот викенд.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!