недела, 25 септември, 2022

Оваа група на луѓе треба што е можно повеќе да го избегнува млекото

Нутриционистите главно се сложни во тврдењето дека со наголемување на возраста, треба да се намали консумацијата на млекото, а особено постарите лица треба целосно да го исклучат од својата исхрана, наспроти општоприфатеното мислење дека тоа ќе им помогне во зачувување на здравјето на коските.

Млекото е една од намирниците за чии здравствени придобивки (или штети) лекарите и нутриционистите не се согласуваат.

Некои предупредуваат дека казеинот, главната состојка во млекото, е исклучително штетен по здравјето и дека, соодветно, треба да се избегнува.

Други, пак, истакнуваат дека ризницата на хранливи материи е незаменлива за благосостојбата на организмот.

Неодамнешното истражување сугерира дека група луѓе треба да го избегнуваат.

Лекарите истакнуваат дека оваа намирница претставува голем ризик за здравјето на луѓето, особено за оние кои секојдневно пијат млеко, а се во поодминати години.

Дури и една чаша млеко во некои случаи може да претставува закана по здравјето на оваа група луѓе.

Една од главните причини зошто постарите луѓе конcyмираат млеко и млечни производи е за зајакнување на коските, но нутриционистот Алексеј Ковалков вели дека ова мислење е погрешно и дека постарите лица над 60 години треба целосно да го исфрлат од исхраната.

Извор: Republika mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!