недела, 25 септември, 2022

(ФОТО) СТРАШНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: ИМА МНОГУ ПОВРЕДЕНИ – АВТОБУС ПОЛН СО ДЕЦА СЕ ПРЕВРТЕ ВО БУГАРИЈА

Автобус со 48 деца од Србија доживеа сообраќајна несреќа во Бугарија, на автопатот Тракија, објави Еуроњуз Бугарија.

Според различни извори има многу повредени. Автобусот се превртел во ендек.

Како што дознава Курир, автобусите превезувале членови на Фолклорниот ансамбл од Батајница. Се враќале од Сончев Брег и Несебар.

На местото на настанот пристигнале две возила на брза помош, пожарна и неколку полициски возила. Според првите информации десет лица се повредени,од кои две тешко и тоа едно дете и едно возрасно лице.

Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора.

Се очекува повредените да бидат префрлени во болницата во Стара Загора.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!