недела, 25 септември, 2022

Две деца во тешка состојба откако автобус со српски таблици се преврте во Бугарија

„Причините за несреќата ќе се утврдуваат понатаму, во моментов имаме многу малку информации. Она што го знаеме е дека две деца се во тешка здравствена состојба“, изјави предмалку за БТВ Сијка Милева, главен портпарол на Обвинителството.

Да потсетиме дека српски автобус со деца излетал на Тракија во Бугарија.

Несреќата се случила на 217 километри во правец на Софија, кај Стара Загора, соопшти Станимир Станев, заменик главен секретар во МВР.

Меѓу повредените е и возачот на автобусот. Во возилото имало речиси 50 луѓе. Според првичните податоци, според список, во него се евидентирани 48 патници.

На местото на несреќата веднаш биле испратени екипи на итната помош и противпожарната помош. Засега сите повредени се пренесени во медицински установи.

Извор: 4news.mk/

Коментари

коментари

error: Content is protected !!