петок, 29 септември, 2023

Детали околу состојбата на повредените во Цетиње

Во Клиничкиот центар Црна Гора на лекување се наоѓаат три пациенти.

Пациентот кој бил сместен на Клиниката за неврохирургија е отпуштен и е на домашно лекување.

Останатите тројца пациенти се уште се сместени на интензивното одделение од кои двајца се надвор од животна опасност, додека третиот пациент и натаму е во тешка состојба поради здобиените повреди и во моментов животот му е загрозен, велат од Клиничкиот центар.

Извор: Press 24

Коментари

коментари