недела, 25 септември, 2022

Пронајдено тело во безживотна состојба – ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ

На 12.08.2022 во 10.00 часот во Полициска станица Кочани е пријавено дека на место викано „Банско“ во атар на с.Бање, кочанско, на брегот на реката Киселина бил пронајдена почината В.А.(82) од с.Тркање.

За жената на 06.08.2022 во Полициска станица Кочани било пријавено дека се оддалечила од домот, информира МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Кочани.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!