недела, 25 септември, 2022

ТРАГЕДИЈА: Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа

На 11.08.2022 во 18.55 часот било пријавено дека на експресниот пат во изградба Кочани-Крупиште кај клучката за с.Спанчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.А.(19) од с.Спанчево и мопед “томос апн 6“ со кочански регистарски ознаки управуван од С.А.(71) од Кочани.

-По несреќата возачот на моторциклот бил пренесен во ЈЗУ Општа болница во Кочани за укажување на лекарска помош по што бил препратен во Клиничката болница во Штип каде починал, информира МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!