недела, 25 септември, 2022

НАЈНОВА ВЕСТ: Бранко Црвенковски формира партија- Еве како ќе се вика и кој ќе биде лидер

NEWS1.MK дознава дека при крај се процедурите за формирањето на нова партија.

– Името дознаваме ќе биде „За наша Македонија“. Зад партијата стои поранешниот претседател Бранко Црвенковски со сите негови структури. Нашиот извор вели дека претходно Црвенковки и лобито од Охрид, оствариле контакти и средби со политички актери, а меѓу нив и еден поранешен градоначалник на Охрид. Најверојатно лидер на партијата „За наша Македонија“ ќе биде Максим Димитриевски, објави порталот.

Пред неколку дена, токму Димитриевски најави дека со своите приврзаници ќе формира граѓанско движење по примерот на движењето „За наше Куманово” кое беше формирано за локалните избори и дека пред граѓаните на парламентарни избори ќе се излезе со реално прифатливи политики како понуда со кои првенствено ќе се направи ред, правен поредок и просперитет на државата, со акцент на економски развој и владеење на правото.

„Ќе направиме пресврт во општеството, политиката да биде во функција на граѓанинот, а во однос на Бугарија, добри соседски односи кога таа земја ќе ѝ мисли добро на Македонија“, вели тој за МКД. Мк

Според него тоа ќе биде движење со лев карактер и со централни политики по однос на националните прашања на државата.

„Никогаш немам кажано нешто негативно за мојата партија СДСМ, но ќе потенцирам дека луѓето кои што во моментов ја водат и менаџираат СДСМ се далеку од социјалдемократските вредности и партијата ја трансформираа во своевидна приватна фирма“ изјави тој.

Димитриевски додаде дека движењето е веќе регистрирано во Куманово како невладино, а во моментот кога ќе добијат информација за времето на одржување на следните парламентарни избори, движењето ќе биде официјално промовирано во јавноста.

Димитриевски истакна дека има експерти од буквално сите општествени области.

– Станува збор за врвни интектуалци, теоретирачи и луѓе од праксата, како и за луѓе од реалниот бизнис, но и успешни работници и земјоделци, како и од други категории на луѓе и професии, рече тој.

Извор: news1.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!