петок, 29 септември, 2023

Калоѓера: Не може цело време, ниту амбасадорите на САД да владеат со Македонија – клучна грешка на македонскиот народ е неговата поделба

Отсекогаш сум велел и пишувал дека не мразам народи, туку ги осудувам нивните властодршци и нивниот однос кон соседите. Јас сè уште стојам на тоа денес. Го презирам односот на грчките, бугарските власти кон Македонија и не сочувствувам со албанските територијални и други претензии кон земјата што ја сакам и почитувам.

Ова го истакнува во својата објава на Фејсбук универзитетскиот професор од Хрватска д-р Горан Калогера, чија објава во продолжение ја пренесуваме во целост:

Секогаш си го поставувам прашањето зошто Македонија е толку виновна, што сите ја угнетуваат, се закануваат дека ќе ја уценуваат, ја потиснуваат, со една единствена тенденција – да ги избришат како народ кој ја населува својата територија.

Не верувам во Европската Унија од една причина и само затоа што тие не го знаат континуитетот на развојот на македонската национална мисла низ векови и немаат појма за неа. Ги разбирам американските власти, Македонија е во сферата на интерес и треба да се чува, ама како:

Еве каде потфрли познатата американска демократија, интересите пред се, ама до кога. Не може цело време, ниту амбасадорите на САД да владеат со Македонија. Клучна грешка на македонскиот народ е неговата поделба, впрочем ова убаво го елаборираше професорот Улчар.

Македонија е земја Божја, земја на пристојни и учтиви луѓе, кои страдаат долго време, уште од турското време. Нели е време целосно да се прифатат одлуките на АСНОМ, да се стави крај на македонскиот идентитет и да се признае нивниот литературен јазик на кој се напишани илјадници научни и уметнички текстови!

Нели е време бугарската влада да се повлече и да си ја гледа својата работа, наместо да ја поседува Македонија, која научно нема упориште. Нели е време грчките власти да го признаат македонското национално малцинство во Грција, и да се грижат за себе и своите проблеми. На брдовитиот, опасен и запалив Балкан, Република Македонија повторно се меша како проблем, не гледам зошто.

Повторно европската дипломатија се занимава со Македонија, како во турско време, а Македонија повторно ќе го плаќа данокот, без никаква потреба.

Како долгогодишен познавач на македонските можности, особено литературата и јазикот, и како надворешен член на МАНУ, повторно го кревам гласот – оставете ја Македонија на мира и пораката ми е до Македонките и Македонците – збијте ги редовите, одјебете ги сите тие глупи политичари и докажете дека сте народ со мозок и срце и покрај се.


Коментари

коментари