недела, 25 септември, 2022

(ФОТО) Еве како изгледа Ангела Меркел во КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ

Ангела Меркел (68), која Германците до скоро ја нарекуваа „мајка“, а остатокот од светот „кралица на Европа“, секогаш сме навикнати да ја гледаме во едноставни модни комбинации што ѝ прилегаат на жена на нејзини години, како и на статусот што го имаше пред пола година – германска канцеларка.

Многу се ретки моментите кога можеме да ја видиме во нешто полежерна, а камоли во костим за капење, па фотографиите од првата жена на Германија ја обиколија планетата со брзина на светлината.

Нејзиниот сопруг, Јоаким Зауер, е професор на берлинскиот универзитет. Не сака публицитет, па не се појавил дури ни на инаугурацијата на Меркел во 2005 година. Обожава опера и прошетки, а се вози со евтини авиолетови, дури и тогаш кога му било дозволено да патува со службените авиони на Ангела. Поради неговиот интерес за опера, а недостигот од интерес за слава, Германците го викаат „фантомот од операта“.

Се зборува дека живее во изнајмен стан и дека времето го поминува најчесто читајќи книги или готвејќи.

Ангела Меркел ја напушти политиката на 8 декември 2021 година.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!