недела, 25 септември, 2022

Експертите и НВО секторот против даночната реформа на Бесими

Добро е да има реформи но, не вака структурирани и не во ова време. Не стивнуваат реакциите од засегнатите и од стручната јавност во врска со најавените даночни реформи, кои треба да стартуваат на почетокот од следната година.

Групата Цивитакс, која ја сочинуваат 43 граѓански организации, предложените даночни реформи ги дефинираат како ад-хок реформи и наместо дополнителен даночен товар врз стопаството и граѓаните, бараат прво да се подобри управувањето со расходната страна од буџетот.

„Најавените „даночни реформи“ се поблиску до дефиницијата на ад-хок мерки најверојатно поттикнати од фискална нужност, но не и од желба за реформи, бидејќи не се базираат на економски и финансиски анализи кои се транспарентни и стратешки врамени. Овие ткн. „даночни реформи“ се фокусираат и се базираат само на зголемување на даночна база заради фискални цели. Даночни реформи се повеќе од прибирање на приходи во централниот буџет. Даночни реформи треба да бидат најмалку заради фискален ефект, а повеќе за: ефикасен и еднаков третман на економски оператори, обезбедување на еднаков даночен товар на даночните обврзници и отстранување на пазарни девијации, јасно дефинирање на даночни цели, стабилност и предвиливост на даночниот систем“, реагираат од Цивитакс.

Ниту економскиот аналитичар Бауш не гледа сериозна анализа во најавените даночни реформи и не ја отфрла можноста со нивно имплементирање да се зголеми сивата економија.

Во таа насока и од Цивитакс велат дека Владата мора да поработи на ефикасноста на расходната страна на буџетот, на зголемена одговорност и отчетност, на зголемување на казнивоста на злоупотреба од висока корупција и целосно одробување на државата.

Проценките на домашната експертска јавност, како и на меѓународните финансиски институции, се дека сивата економија во Македонија изнесува од 25% до 40% од Бруто домашниот производ. Според тоа, надвор од легалната зона се реализираат околу 2,5 милијарди евра. Затоа експертите бараат државата да работи на сузбивање на сивата економија, бидејќи со тоа ќе се обезбедат уште 650 милиони евра во буџетот на годишно ниво.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!