понеделник, 15 август, 2022

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Најмалку 11 лица ги загубија своите животи откако автобус излета од автопат во Хрватска

Страшна несреќа утрово се случи во Хрватска, во која загинаа најмалку 11 лица.Автобусот излетал од автопатот во Хрватска?!

Автобус со полски регистерски таблички излетал од автопатот А4 во правец кон Загреб, според првичните информации има неколку загинати и повредени, јавуваат хрватските медиуми.

Според „Вечерњи лист“, во несреќата загинале 11 лица, а повеќе од 40 се повредени. Сепак, додаваат тие, овие неофицијални бројки можеби не се конечни.

Не се знае степенот на повредите на пренесените. Несреќата се случила рано утринава, околу 5 часот и 40 минути. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Засега нема информации за причините за страшната несреќа, дел од медиумите шпекулираат со информацијата дека возачот на автобусот заспал?!

– 11 лица загинаа, а останатите повредени се пренесени во болниците во Загреб и Вараждин. Сите луѓе се извлечени од автобусот, а причината за несреќата се уште не е позната, изјавил жупанскиот противпожарен наредник Жељко Наџ, пренесе Вечерњи лист.

Видеото погледнете го ОВДЕ

Коментари

коментари

error: Content is protected !!