Двајца загинаа, а уште две лица се во критична состојба откако гром го погоди плоштадот Лафајет во близина на Белата куќа, изјави претставник на противпожарната служба во Вашингтон.
„Двајца мажи и две жени се повредени и се хоспитализирани и се борат за живот, изјави Вито Маџоло, портпарол на противпожарната служба во Вашингтон.
Плоштадот Лафајет, јавен парк од седум хектари лоциран северно од Белата куќа, често е преполн со посетители, особено во летните месеци. Гром удри во четирите лица во близина на дрвото, кое стои на неколку метри од оградата што ја опкружува претседателската резиденција и канцелариите.
Температурата во Вашингтон вчера беше повеќе од 32,2 степени Целзиусови. Силното невреме со грмотевици го погоди главниот град на САД подоцна во текот на денот. Припадниците на американската тајна служба и полицијата, кои редовно се присутни на плоштадот, веднаш дошле на помош на настраданите, рече Маџоло.