понеделник, 15 август, 2022

„ИГРАЊЕ СО ОГАН“: Светот е на работ од општ хаос – истрелани балистички ракети, подигнати борбени авиони

Кинеската Народноослободителна армија рано утринава започна големи воени вежби со употреба на боева муниција во морињата околу Тајван.

Според светските медиуми, Кина наводно лансирала 11 балистички ракети во водите кај Тајван, соопшти Министерството за одбрана на таа земја. Исто така, се појави информација дека тој подигнал борбени авиони како одговор на воените вежби на кинеската армија.

Вежбите почнаа на полноќ по локално време и се одржуваат во шест области во радиус од околу 20 километри од кинескиот остров, кој функционира како де факто држава, а ќе траат до сабота на полноќ.

Ова се случува еден ден по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, на Тајпеј, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на извештајот на државната кинеска телевизија.

Како што е наведено во извештајот на кинеската телевизија, воените операции беа започнати како „цврсто одвраќање против неодамнешната голема ескалација на негативните потези на Соединетите држави врз Тајван и сериозно предупредување против сепаратистичките активности за независност на Тајван“.

Пекинг издаде предупредување за бродовите и авионите да не влегуваат во водното подрачје и воздушниот простор во областите каде што се одржуваат вежбите, чии координати беа претходно објавени.

Ненси Пелоси оствари кратка ненајавена посета на Тајван, што наиде на остра осуда од Кина и доведе до зголемени тензии во Тајванскиот теснец.

Тоа беше прва посета на претседател на Претставничкиот дом на Тајван од 1997 година.

Кинеските власти претходно соопштија дека ќе ги преземат сите достапни контрамерки како одговор на нејзината посета, која ја окарактеризираа како „играње со оган“.

Извор: centar.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!