понеделник, 15 август, 2022

И ОВА СЕ СЛУЧИ: ГЛАСАЈТЕ ЗА БОТ! Данците формираа антиполитичка партија, целосно водена од вештачка интелигенција

Данска од неодамна на својата политичка сцена има партија целосно управувана од вештачка интелигенција, која има намера да учествува на следните општи избори во јуни 2023 година.

Основањето на партијата било иницирано на крајот на мај од данскиот уметнички колектив Компјутер Ларс, нарекувајќи ја Синтетичка партија. Партијата целосно ја води вештачката интелигенција, но сѐ уште нема доволно потписи за учество на изборите.

Нејзините креатори велат дека партијата била замислена како своевиден одговор на апстиненцијата на Данците, кога одат на избори. Околу 15 отсто од нив гласале на последните општи избори.

„Со обединување на писмените публикации на сите маргинални партии во земјата од 1970 година, партијата нуди политичка програма што ја претставува „политичката визија на обичната личност“, изјавил за АФП уметникот Аскер Брилд Стаунес од колективот „Компјутер Ларс“.

Целта на користењето на вештачката интелигенција на оваа „антиполитичка“ партија е „да се оптимизира системот на гласање во Данска“, објасни тој. Во исто време, Синтетичката партија претставува предизвик за стотиците маргинални партии што постојат во Данска, од кои многу не се сериозни конвенционални партии.

Во Данска има 230 микро-партии, вклучувајќи ја и Синтетичката партија. Никој од нив сè уште не ги собрал 20.182 потписи потребни за учество на општите избори. Според официјалните податоци, Синтетичката партија досега има собрано 4. Затоа е тешко да се предвиди дали оваа политичка формација, најновиот проект на уметничкиот колектив, ќе биде застапена во парламентот.

Доколку освои доволно гласови на изборите, партијата има намера да назначи претставник одговорен за поврзување на вештачката интелигенција со политичките дискусии во парламентот.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!