понеделник, 15 август, 2022

АПАСИЕВ БРУТАЛЕН: Мафијашката ДУИ со поддршка на Калето ја уценува Русковска да го прекине прогонот против нивниот главен рекетар

Лидерот на Левица Димитар Апасиев тврди дека мафијашката ДУИ со поддршка на странците ја уценува обвинителката Вилма Русковска да го прекине прогонот против нивниот главен рекетар.

„Мафијашката ДУИ, поддржана од ЕУ и Кале како тукашен башибозук, ја уценува обвинителката Вилма Русковска да го прекине прогонот против нивниот главен рекетар Арафат Муареми.

Тоа го прави преку условување на гласањето во Собрание на сегашниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески кој сака да биде иден уставен судија. Затоа Јовески, зачудувачки, истапи со соопштение против неговата колешка и доскорешна добра пријателка Русковска.“, пишува Апасиев на фејсбук.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!