Полицијата го затвори сообраќајот за патници и возила на премините Брњак и Јариње поради блокади на патишта од локалните Срби, соопшти косовската полиција.
Полицијата ги повика граѓаните за сообраќај да користат другите гранични премини. Србите ги блокираа патиштата во знак на нивното незадоволство од мерките за реципроцитет на косовските власти за лични карти и регистарски таблички издадени од Србија, кои стапуваат на сила од утре, соопшти косовската полиција.
Во меѓувреме, на преминот Јариње дошло до инцидент во кој бил повреден Србинот Н.В од Лешко, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во КБЦ „Косовска Митровица“, пренесува Политика.
Во Јариње, велат, од синоќа околу 300 припадници на специјалната единица Росо се концентрирани на просторот каде што се наоѓаат контејнерите на граничната полиција, поставени минатата есен по рацијата на специјалците, наводно поради регистарските таблички.
Силите на единицата Росу ја напуштија Приштина со оклопни возила во правец на север, пренесува Новости. Меѓу нив има и екипи за итни случаи. Како што се додава, припадниците на оваа формација се целосно опремени и со водени топови.
Се движат во правец на Жупац и Зубина Поток, пренесуваат српските медиуми.