Песков: Западот останува без опции за притисок врз Москва

Западните земји меѓусебно се натпреваруваат за преземање чекори против Русија, но им снемува мерки за притисок врз Москва, изјави денеска портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Коментирајќи ја можната забрана за издавање шенген визи за Русите, тој рече: „Гледаме дека земјите од ЕУ и Северна Америка буквално се натпреваруваат меѓу себе во преземањето непријателски мерки против Русија“.

„Но, гледаме и дека им снемува мерки кои очекуваат да нѐ притиснат и да нѐ принудат да го смениме ставот, иако тоа е погрешно мислење“, посочи Песков.

Портпаролот на Кремљ нагласи дека Москва ќе реагира многу негативно и ќе преземе мерки во случај Финска да го ограничи издавањето визи за Русите, но Русија се надева дека таквата иницијатива нема да се спроведе.

„Руската реакција ќе биде негативна; колку што разбравме, досега оваа идеја не е спроведена и да се надеваме дека нема да биде. Но, се разбира, секоја таква активност во однос на руските граѓани ќе предизвика контрамерки, како одговор. “, изјави портпаролот на Кремљ.

Тој додаде дека реакцијата на Москва на таквата одлука на Финска ќе биде „разбирлива и сосема предвидлива“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!