Парите ја губат вредноста.
Иако Статистика вчера измери дека просечната нето плата исплатена по вработен за мај годинава изнесува 31 400 денари, што е за близу 2.700 денари повеќе во однос на истиот месец лани, сепак растот не ги следи и трошоците за живот на граѓаните кои се повисоки од месец во месец, сметаат експертите..
Ангел Димитров за Канал 5 вели дека државата мора да им помогне на најранливите категории граѓани и фирми, но и таа да штеди за да може да се заузда високата инфлација.
„Држава се наоѓа во многу полоша ситуација. Долг спрема странство порасна значително, а новите кредити се со поголеми каматни стапки. Многу повеќе пари од буцет ќе одат за камати во иднина, наместо за развој и инфраструктура.
Да се заштитат најранливи категории и компании за енергенси, додека останати сами да се снаоѓаат бидејќи не може држава на сите да помогне.“ изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.
Статистика последно измери рекордна инфлација од 14,5% во мај…Владата најави нов антикризен пакет за септември, со кој опфатени ќе бидат само ранливите категории граѓани. Сепак, очекувањата се цените на струјата и храната да продолжат да растат.
Па така, министерот за економија вчера најави дека ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе траат до крајот на годината, а се разгледува и листата да се прошири и со нови продукти.