Руската војска соопшти дека уништила голем број оружје што им го доставувале на Украинците од САД и другите членки на НАТО во новите напади на украинските позиции.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека во црноморското пристаниште Одеса е погодено складиште за противбродски ракети „Харпун“.
Во источниот регион Доњецк е погоден повеќецевниот ракетен систем „ХИМАРС“, кој го испорачува САД.