понеделник, 15 август, 2022

Нова цена на горивата

Во понеделник напладне РКЕ се очекува да ги утврди новите цени на горивата кои ќе важат од вторник.

Последниве недели цените на горивата паѓаат, поради падот на нафтата на светските берзи.

Во моментов цената на суровата нафта од типот брент е 101 долар и бележи покачување во однос на цената од минатата недела.

Во моментов горивата се точат по следните цени:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 102,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 104,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,00 (денари/литар); Мазут М-1 НС 50,903 (денари/килограм).

Коментари

коментари

error: Content is protected !!