понеделник, 28 ноември, 2022

Откриена причината за смртта на првата сопруга на поранешниот претседател на американскиот претседател Доналд Трамп

Првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Ивана Трамп, почина како последица на повреди на градниот кош, соопштија денеска њујоршките лекари.

Нејзината смрт била случајна, се наведува во соопштението, во кое не се прецизираат околностите. Доналд Трамп во четвртокот објави дека Ивана Трамп (73) починала „во својот дом во Њујорк“.

Според Њујорк Тајмс, истрагата се обидела да утврди дали Ивана Трамп паднала по скалите на својот дом во луксузниот дел на Менхетен.

Родена е како Ивана Зелничкова во 1949 година во чехословачкиот град Готвалдово.

Трамп со Ивана има три деца, Доналд Јуниор, Иванка и Ерик.

Извор: Ulica mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!