понеделник, 15 август, 2022

ДОБРИ ВЕСТИ од Фејсбук: ЕВЕ што НОВО се воведува за СИТЕ корисници

Фејсбук постојано воведува нови работи и се труди да остане атрактивен за корисниците и да задржи што поголем број активни корисници.

Токму затоа, последна новост која ја воведе оваа мрежа е добра вест за многу корисници.

Фејсбук, како дел од тест, ќе им овозможи на некои корисници да имаат повеќе профили во еден налог.

Ова е дел од проектот на Мета да ги охрабри корисниците да останат на платформата и покрај зголемената конкуренција од ривалските сервиси.

Како дел од тестот, корисниците на Фејсбук ќе можат да креираат до четири дополнителни профили, кои се поврзани со нивниот оригинален налог.

Идејата е дека дополнителните профили може да се користат за различни цели, како што е еден за пријатели, еден за работа или за интеракција со различни групи и влијателни лица.

Корисниците сепак ќе имаат еден налог, но ќе можат да се префрлаат помеѓу профилите со само неколку кликања.

Профилите ќе мора да се усогласат со политиката за приватност и условите за користење на Фејсбук, а злоупотребата на еден профил ќе влијае на целиот налог и неговото евентуално суспендирање.

Корисниците, кои креираат дополнителни профили, нема да мора да го користат својот вистински идентитет кога станува збор за прикажаното име, се додека тоа не е во спротивност со правилата на платформата.

Промената на тактиката на Фејсбук и оддалечувањето од моделот на еден профил доаѓа во време кога платформата се бори да ги задржи корисниците, особено помладите, кои се префрлаат на конкурентни платформи како што е ТикТок.

Извор: Канал 5

Коментари

коментари

error: Content is protected !!