Хеликоптер со четиричлен екипаж, попладнево се урна во морето во Грција.
Според првичните информации, спасено е едно лице, јави дописничката на МИА од Атина.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека станува збор за хеликоптер од типот ER-MHY (Mi-8 MTV-1) кои тие го изнајмиле да помага во пожарот кој избувна на грчкиот остров Самос, а од членовите на екипажот тројца се странски државјани и еден Грк.
Тие додаваат дека во спасувачката акција, што е во тек, спасен е еден член на екипажот.
„Во тек е спасувачка операција по падот на хеликоптер кој гаснеше шумски пожар во Самос“, изјави претставник на противпожарната служба.
„Едно лице е спасено, а се трага по уште три лица“, изјави претставник на крајбрежната стража.
Во Самос околу 14 часот избувна шумски пожар и беа испратени три хеликоптери и пет авиони да го изгаснат пожарот заедно со педесетина пожарникари.
Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека е спасено уште едно лица, односно вкупно двајца од четворицата членови на екипажот.
Според грчката телевизија ЕРТ, хеликоптерот паднал од мала височина, односно кусо откако наполнил вода од морето и во моментите кога почнал да се оддалечува од површината.
Извор: Канал 5