МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: ДУИ е на ВЛАСТ повеќе од 20 години и НИШТО НЕ НАПРАВИ за Куманово

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, на 11. Седница на Совет во однос на информацијата за канализација и водовод во село Романовце, а на реплика на советник од ДУИ истакна силата е во народот, а не во Владата.

-Сила треба за физички работи, силата не е во Владата, туку силата е во народот. Тоа кога ќе го научите тогаш може да дискутираме. Ако доаѓа Владата од позиција на сила, исто така и нас не избрал народот и ние имаме одредена сила, но проблемот се поставува зошто вие или кој било друг да посредува помеѓу Владата и локалната самоуправа. Треба да отворат повик.

-Тоа што министерот на животна средина бил изненаден со состојбите како во 21 век нема вода за пиење, па он е министер на ресорно министерство за животна средина. Иако дојде од Виена и ден денеска уште на англиски ни се обраќа во одредени изјави треба да ги посети селата и да ја види реалноста во 43 села немаат вода и се снабдуваат со бунари. Две решивме, 41, со таа динамика во следните 100 години не можеме само водата за пиење да ја решиме, рече Димитриевски.

Тој потенцираше дека тие што го уништиле системот се тие кои биле избрани внатре во селото од граѓаните.

-Значи, министерот треба да си ја знае состојбата, а не да се вчудоневидува. А, зошто тоа за избори дошол министерот кога претходно цел временски период барам од него, зошто не покаже иницијатива да дојдеме заедно да го посетиме. Еве, утре имам средба со граѓаните од село Романовце, нека дојде утре штом сте му адвокат донесете го.

-Вие така правевте минатиот пат со министерот за образование, па отидовте се снимавте, се сликавте таму, па изјави дававте, па вака било, онака било, “ја направивте“ школата „Сами Фрашери“ до ден денес, па сега ќе го направите и водоводот во село Романовце. Еве утре, како што велат старите луѓе – бујрум, дојдете на состанок, направете го, па повеќе од 20 години сте на власт тука како партија и на централно и на локално ниво. Што не го направивте проблемот?, праша Димитриевски.

На седницата, Димитриевски потсети за ситуација со трафостаницата во пресрет на избори.

-Да не беше Максо пред 4 години уште 4 години вода немаше да имаат. Знаете како ми викаа некои поединци кај вас авторитети за време на избори кога им обезбедив трафостаница на луѓето? Нема да ја ставаш сега трафостаницата ќе ја ставиш после избори. Зошто? Да видиме за кого ќе гласаат. Јас тоа не го правам. Тоа треба граѓаните да го знаат.

-Со тоа се занимавате вие, со делење на црни ливчиња, терајте си вие, граѓаните се гледаат, само потребно е време за да видат што реално им се случува во дворот и точно ќе знаат кој реално се залага за нивните заложби. Јас вас ве разбирам, вие сте нов во советот и ги разбирам вашите заложби. Добронамерно ги сфаќам, но за жал политиката којашто ја пропагирате во јавноста не ви е добра.

-На следните избори мислам дека граѓаните ќе се освестат, а јас ќе продолжам да барам начин иницијатива, закажете состанок кај министерот, сакате утре, задутре кога сакате јас ќе дојдам, но не сам, вие од ДУИ не сте привилегирани. Во овој совет има многу политички партии, ќе ги поканиме сите, ќе дојдат и ќе разговараме. И тој проект ако се имплементира нема да биде ни на Максо, ни на министерот, тоа ќе биде проект на сите, а граѓаните нека судат после на кој ќе дадат поддршка, изјави Димитриевски.

Димитриевски информираше дека до овој момент ДУИ ги немаат реализирано ниту ветувањата дека ќе обезбедат преку Министерството за животна средина и просторно планирање багер за решавање на проблемите во јавната депонија.

-Министерот за животна средина којшто високо го ценам и почитувам и мислам дека е еден од ретките луѓе во оваа влада којшто нешто работа и со којшто можеш барем да разговараш. Разговаравме отворено, до овој момент ги немаат реализирано дури ни ветувањата дека ќе ни обезбедат преку МЖСПП багер за решавање на проблемите во јавната депонија, дека ќе ни имплементираат проект за село Пчиња за реконструкција на мостот затоа што е најобесправено село во општина Куманово кадешто веќе 7,8,9 децении го носиме целиот смет и им го оставаме пред врата.

-Село коешто нема ни вода, ниту пак минимална инфраструктура, а првите две асфалтирани улици ги виде пред 1 месец и се радуваа повеќе него на снег децата. Поставив барање, ми беше ветено и оттогаш ништо наваму. Како сега да верувам дека ќе ми излезе некој во пресрет ако поднесам проект од 8ипол милиони евра дека ќе го реализира, а претходно не реализирал две ветувања коишто ги дал во присуство пред 15 градоначалници. И втора работа, како можам да поднесам проект кога немате отворен повик? Значи, кога се отвора повик тој е транспарентен за сите општини, додаде Димитриевски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!