понеделник, 15 август, 2022

Кремљ се обиде да ја објасни најстрашната закана на Путин досега

Кремљ денеска, обидувајќи се да ја објасни најновата закана на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти дека Русија „искористила само мал дел од својот воен потенцијал“ за војната во Украина.

Вчера, да потсетиме, Владимир Путин ја испрати веројатно најстрашната закана досега, тврдејќи дека „Русија не ни почнала во Украина“.

Притоа, тој го предизвика Западот да се обиде да ја победи Русија на бојното поле.

Што рече Путин?

Путин го обвини Западот дека поттикнува непријателства, велејќи дека „сака да се бори со секој последен Украинец“.

Тој му порача на Западот „да се обиде слободно“, но дека тоа „само ќе донесе трагедија во Украина“.

„Денес слушаме дека сакаат да не поразат на бојното поле.

Што да кажеме, нека се обидат“, рече Путин.

Денеска на редовна прес-конференција неговиот портпарол зазеде сличен став: „Рускиот воен потенцијал е толку огромен што користиме само мал дел од него во специјална воена операција“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!