Уапсено момчето кое фрли молотов коктел врз полицајците – има само 18 години

Лишено од слобода лицето кое на 05.07.2022 фрли Молотов коктел кон зградата на Собранието. Станува збор за Ј.С.(18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и кој го призна делото, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Повторно упатувам апел – преку насилство кон оние коишто го одржуваат редот, македонската полиција и виталните објекти, не се постигнува ништо. Ги повикувам сите граѓани во остварување на своето право на протест да покажат демократски капацитет, соопшти Спасовски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!