четврток, 28 септември, 2023

ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Значително паѓаат температурите – Детална временска прогноза за следните денови

Утре во текот на денот под влијание на влажен бран, најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во сабота претпладне и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2).

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). Температурата ќе опадне за 7 до 9 степени.

Во Скопје од утре попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме.

Прогноза за 09.07.2022
Минимална температура: 11°C до 19°C Максимална температура: 20°C до 27°C УВ=5

Прогноза за 10.07.2022
Минимална температура: 9°C до 18°C Максимална температура: 23°C до 29°C УВ=7

Прогноза за 11.07.2022
Минимална температура: 8°C до 16°C Максимална температура: 22°C до 29°C УВ=8

Коментари

коментари