понеделник, 15 август, 2022

(ВИДЕО) “ОВА ИЗГЛЕДА КАКО ЗА СТРАНИЦА ЗА ВОЗРАСНИ“: Портпаролката Захарова објави приватно видео како јаде јагоди

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, 46-годишната дипломатка Марија Захарова на интернет објави видео на кое на јаде јагоди и го снима целиот процес.

Во триминутното видео што го сподели на нејзиниот Телеграм профил, Захарова се снимала како сензуално јаде јагоди, па и покрај војната во Украина и западните санкции со кои се соочува Русија, таа безгрижно ужива во летните денови.

Во позадината на објавата, во која ставила опис „мојата жетва“, се слуша „Калинка“, една од најпознатите патриотски руски песни, која е додадена на народната традиција на оваа земја.

Снимката на Твитер ја сподели новинарот Кевин Ротрок, а со коментарите кои следувале, корисниците потврдиле дека Захарова воопшто не останала незабележана.

Меѓу другото, некои се пошегувале дека Марија изгледа како да ја „промовира својата порно страница“ и дека ваквото видео е непримерно.

„Извинете, но ова е тотално понижувачко“, коментира еден корисник, додека друг се согласува: „Дали таа се обидува да биде привлечна? Затоа што не е“.

„Ова изгледа како содржина од сајтови за возрасни“, гласи друг коментар.

Некои додаваат дека ова е дефинитивно „сцена што не сакале да ја видат.

Видеото погледнете го ОВДЕ

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!