понеделник, 15 август, 2022

ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Роналдо во Барселона?

Еден од анјдобрите светски фудбалери во последните десетина години, асот на Манчестер Јунајтед , Кристијано Роналдо преговара за трансфер во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Роналдо вчера не се појави на стартот на подготовките на клубот од „Олд Трафорд“ за следната сезона, бидејќи наводно е разочаран од челниците на Манчестер Јунајтед поради нивната лоша трансфер политика.

Шпанскиот спортски весник „Ас“ пренесува дека менаџерот на португалскиот фудбалер Жорге Мендеш се сретнал со претседателот на Барселона, Џоан Лапорте.

„Зборуваа за играчи како Рубен Невес, Рафаел Леао и Бернардо Силва, но и за Роналдо. Лапорта го праша Мендеш минатата година дали Роналдо би се преселил во Барселона, но тешката финансиска ситуација во клубот го спречи сериозно да пристапи кон преговорите. “, пишува шпанскиот весник.

„Ас“ посочува дека приоритет на Барселона и натаму е да го ангажира напаѓачот на Баерн Роберт Левандовски, но би сакале да го доведат и Роналдо кој своевремено играше за Реал. Никој не може да негира дека Роналдо бил тема на разговор меѓу Мендеш и Лапорте. Во наредните денови ќе се знае дали е постигнат договор“, тврди „Ас“.

Англиските медиуми пренесуваат дека Португалецот не се откажува од можноста кариерата да ја продолжи во некој од клубовите кои ќе играат во Лигата на шампионите.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!