понеделник, 15 август, 2022

Се ЗАПАЛИ возило „мерцедес“, кое било во ДВИЖЕЊЕ

Денеска бил пријавен пожар во приколка на товарно возило.

Според првичните информации товарното возило било во движење.

На 30.06.2022 во 09.40 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на обиколница Скопје, во близина на клучка Арачиново кон клучка Стајковци, настанал пожар во приколка на товарно возило во движење „мерцедес“, со неготински регистарски ознаки, управувано од А.К.(31) од с.Студеничани, скопско, информираат од МВР.

Оттаму велат дека пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Бил извршен увид на лице место.

Извор: lokalno.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!