понеделник, 15 август, 2022

НА ЛОШИТЕ ВЕСТ ИМ НЕМА КРАЈ: Најмалку 17 лица загинаа, а десетици се повредени откако е погодена станбена зграда во близина на Одеса

Украинските сили соопштија дека руски проектил погодил деветкатна станбена зграда и одморалиште во близина на украинското црноморско пристаниште Одеса, при што загинале најмалку 17 луѓе, а десетици се ранети.

Министерството за вонредни ситуации соопшти дека околу еден час по полноќ проектил погодил зграда во градот Билгород-Дњестровски и дека, според досегашните информации, ранети се 30 лица.

Портпаролот на регионалната администрација на Одеса, Серхи Брачук, изјави за украинската државна телевизија дека е во тек операција за спасување, бидејќи некои луѓе останале затрупани под урнатините.

„ Друга ракета го погоди одморалиштето при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, а беа повредени повеќе луѓе, рече Брачук.

Извор: centar.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!