понеделник, 15 август, 2022

Ковачевски: Со новиот ФРАНЦУСКИ предлог се зачувува МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ – Зелено светло во Влада

Пред нас имаме предлог кој ги опфаќа забелешките од Владата, во францускиот предлог има ставови за целосно признавање на македонскиот јазик како и тоа протоколот да не биде во рамки на преговарачката рамка, рече премиерот Димитар Ковачевски во врска со францускиот предлог, по средбата со владините партнери. Според премиерот позицијата во која се наоѓаме е многу поповолна за нас.

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ објави дека е исполнето барањето историските прашања да не бидат во рамки на преговорите, тој заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи ги објаснија натамошните процедури, во случај да биде прифатен овој предлог.

Премиерот најави дека по конструктивните консултации со владините партнери, за предлогот ќе се разговара и со Претседателот, опозицијата, а и во Собрание.

Во предлогот пишува дека „во однос на преводите на законодавството на ЕУ, ЕУ ги забележа соодветните еднострани декларации на Бугарија и Северна Македонија за македонскиот јазик“.

Во предлогот се наведува дека регионалната соработка и добрососедските односи остануваат суштински елементи на процесот на проширување.

„Потсетуваме на важноста од постигнување опипливи резултати и имплементација билатералните договори, вклучително и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија“, пишува во предлогот.

Според предлогот, формалниот старт на преговорите ќе биде означен на втората Меѓувладина конференција, а услов за тоа, како и во претходниот предлог, е промена на Уставот за вметнување на Бугарите.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!