понеделник, 15 август, 2022

Бугарите бараат да влезат во нормативниот дел на Уставот, а таму ги нема ниту Албанците, порача Николоски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека Бугарија сака да влезе во нормативниот дел на Уставот.

Тој додава дека таму ги нема ни Албанците.

-Бугарите бараат да влезат во нормативниот дел на Уставот. Да поедноставам на јавноста Уставот има вовед кој што се вика Преамбула и после тоа почнуваат членовите од кои што се влече целата законска рамка во Македонија, и тој е наречен нормативен дел. Во нормативниот дел ги има само Македонците, дури Албанците како втора етничка заедница во Македонија не се наведени во нормативниот дел, порача Николоски.

Извор: ТВ21

Коментари

коментари

error: Content is protected !!