понеделник, 28 ноември, 2022

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Воз прегази две лица

Денеска (29.06.2022) во 02.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на железничката пруга, помеѓу Железничка станица Миравци и Железничка станица Клисура, товарен воз кој сообраќал на релација Железничка станица Гевгелија – Товарна Трубарево удрил во две лица мигранти коишто лежеле на пругата, информира МВР.

Двете лица од здобиените повреди починале на местото на несреќата.

Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!