понеделник, 15 август, 2022

(ФОТО) Две лица се повредени во сообраќајна несреќа – Итно се пренесени во Ургентен Центар Скопје

Две лица се повредени и транспортирани и пренесени во Ургентен Центар Скопје по сообраќајна несреќа и удар на возило „рено“ во ѕид на влезот на Делчево.

По несреќата на повредените лица им е укажана медицинска помош, по што со констатирани политрауми, со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Сообраќајот во моментот на магистралата на влезот го регулираат припадници на сообраќајната полиција, а на самото место на несреќата извршен е првичен увид и притоа задржано е друго возило кое без видливи штети се наоѓа на местото каде се случила сообраќајната несреќа.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!