понеделник, 15 август, 2022

(ФОТО) ДВАЈЦА КУМОВИ СЕ ТРКАЛЕ ОТКАКО ЈА НАПУШТИЛЕ КАФЕАНАТА ПА СЕ „ЗАБИЛЕ“ ВО КУЌА – ЗА МАЛКУ ЌЕ ЈА СРУШЕЛЕ

Во Краљево, Србија синоќа дошло до необична несреќа кога двајца кумови, како што неофицијално пренесува Нова.рс, се тркале откако излегле од кафулето и на крајот удриле во куќата која за малку ќе ја срушеле.

– Се се случи околу еден час по полноќ. Во тоа време бев на работа и жена ми ме повика да дојдам итно, а кога видов што се случило, не можев да поверувам.

Во куќата до улицата тогаш немаше никој, моето семејство беше во друга куќа во дворот, па, за среќа, нема повредени. Мило ми е и што овие несовесни возачи поминаа само со полесни телесни повреди – изјави Милан Кориќ, чиј татко е сопственик на објектот, пренесува Нова.рс.

Според него, во таа прилика еден од возачите директно удрил во столбот што го држел спратот од куќата, додека другиот удрил во бандера, кој потоа паднала врз куќата. Удриле и во два автомобили кои биле паркирани таму, пренесува Нова.рс.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!