понеделник, 28 ноември, 2022

ДРАМА на градилиште во скопски Аеродром – ФИЗИЧКИ НАПАДНАТИ 4ца мајстори, интервенирала полицијата

Тепачка на градилиште во скопски Аеродром.

Министерството за внатрешни работи информира дека во 18.30 часот во Полициска станица Аеродром Ј.И.(24) од Скопје пријавил дека околу 12.00 часот на објект во изградба на подрачјето на Аеродром, додека извршувал градежни работи, тој и четворица негови колеги, биле физички нападнати од Б.М.(35) од Скопје, Ж.М. и Д.К., кои во нападот употребиле тврди предмети.

На ова му претходело недоразбирање и караница помеѓу мајсторите и двајцата напаѓачи.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Извор: skopjeinfo.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!