(ВИДЕО) Eвакуирани се НАД 300 ЛУЃЕ – Голем ПОЖАР во популарно одморалиште, зафатени се над три илјади хектари во Турција

Повеќе од 270 луѓе се евакуирани во близина на одморалиште во југозападна Турција поради пожар што избувнал во вторникот и се проширил поради високите температури и силните ветрови, изјави министерот за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи.

274 жители морале да го напуштат својот дом или работно место во Мармарис, рече Кирисчи од популарното одморалиште во медитеранската провинција Мугла. Досега се зафатени речиси три илјади хектари земјиште. Пожарот најпрво избувнал во националниот парк Мармарис.

Лидерот на турската опозиција Кемал Киличдароглу истакнал дека регионот е особено ранлив на шумски пожари поради климатските промени и ја обвини владата за неподготвеност. Шумски пожар гори и во провинцијата Кахраманмарас на југоистокот од земјата, јавува медиумската куќа ТРТ.

Минатото лето огромните пожари уништија илјадници хектари ширум Турција, а најтешко беа погодени бреговите на Егејското и Средоземното Море. Во тоа време, владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган беше критикувана за лошата подготовка и недостатокот на воздушна поддршка.

Во гаснењето на пожарот помагаат 12 авиони и 45 хеликоптери, рече Кирисчи и додаде дека уште три хеликоптери пристигнуваат од Катар и авион од Азербејџан.

Покрај тоа, Турција, Израел и Кипар испратија авиони и хеликоптери за да помогнат во гаснењето на пожарите во северниот дел, турскиот дел на островот Кипар, објави државната новинска агенција Анадолу. Пожарот избувнал во вторникот во областа Мерсинлик, на околу 83 километри североисточно од Никозија, јави Анадолу.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Извор: Канал 5

Коментари

коментари

error: Content is protected !!