Се ОГРАНИЧУВААТ маржите на основните ПРЕХРАМБЕНИ производи на пет отсто – ОДЛУЧИ Владата на Црна Гора

Mаксималната маржа во продавниците на големо ќе биде ограничена на пет отсто за пченично брашно, шеќер, масло и сол, додека максималната маржа на овие продукти за малите продавници ќе биде седум отсто.

Оваа одлука денес на редовна седница ја донесе Ценогорската Влада.

Објаснувајќи ја одлуката, министерот за економски развој и туризам Горан Ѓуровиќ рече дека црногорската влада прави сѐ што може за да го ублажи растот на цените на храната и енергијата.

„Најдовме оптимум да ги заштитиме граѓаните, да го ублажиме растот на цените“, рече Ѓуровиќ, нагласувајќи дека Црна Гора има доволно енергија и храна. Оваа одлука доаѓа откако цените на горивата во Црна Гора достигнаа историски максимум.

Претходно премиерот Дритан Абазовиќ ги повика граѓаните да штедат енергија и најави можност за недостиг на есен. Инфлацијата во Црна Гора е околу 12 отсто во првите пет месеци, а цените на храната драстично се зголемија од почетокот на војната во Украина кон крајот на февруари.

Така, на почетокот на 2021 година беше потребно да се одвои едно евро за литар нафта, додека цената на црногорските пазари сега се движи меѓу 2,3 и 2,4 евра. Исто така, цената на брашното за една година е двојно зголемена и денеска е 0,8 евра.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!