Денеска во Брисел почнува дводневниот Самит ЕУ-Западен Балкан, каде средба ќе одржат лидерите на Европската унија и шесте партнери од западен Балкан, на која, треба да се утврди судбината и европскиот пат на неколку земји.
По консултациите со соработниците и членовите на владите, српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевски сепак одлучија да патуваат заедно на самитот, а договорени се и принципите за разговори со претставници на Европската унија.
Премиерот на Албанија објави заедничко селфи сомакедонскиот премиер Димитар Ковачевски и напиша:
„Уште го чекаме Годо? Не, ние сме навикнати на овој циркус и сме повеќе од кога било посветени да ги поведеме нашите земји и регионот кон модернизација со нескршлив Европски дух“.
Вака напишал албанскиот претседател Рама под слика со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски. Фотографијата веројатно е сликана пред започнувањето на денешниот самит за Западен Балкан во Брисел каде Рама, Ковачевски и нивниот колега Александар Вучиќ од Отворен Балкан сепак решија да присуствуваат.
Извор: Канал 5