Ковачевски тврди дека нема да прифати уцени, дел од коалицијата најави дека ќе ја напуштат Владата

Чиста формулација на македонскиот јазик, историските прашања надвор од преговарачка рамка, отворање на Уставот по почеток на преговорите и гаранции од ЕУ дека нема да има нови барања од бугарската страна.

Премиерот Димитар Ковачевски поплденво ги исцрта црвените линии околу францускиот предлог откако станува извесно дека тој ќе помине во официјална Софија со поддршката што ја доби од партијата на Борисов.

„Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, посочувам дека, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се следниве елементи:

Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет; Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка; Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот; Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија; Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија“, напиша премиерот на Фејсбук.

Сепак, Ковачевски заминува за Брисел на Самитот на ЕУ за западен Балкан, кој се одржува непосредно пред еврoпскиот совет заедно со албанскиот премиер Рама и српскиот претседател Вучиќ.

Во меѓувреме, три партии од власта веќе се изјаснија против францускиот предлог – Демократски сојуз, ЛДП и ДОМ. Доколку главните владини партнери СДСМ и ДУИ го прифатат предлголот ваков каков што е, дел од нив ја откажуваат поддршката за Владата.

Опозициската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ застанува изречно против.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека со предлогот се прави бугаризација на македонскиот народ, а обвинуват и дека Ковачевски и Османи веќе се согласиле со него пред европските лидери.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!