Цените на житата и нафтата од утрово се во намалени.
После неколкукратното покачување, конечно имаме намалување на цените.
Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 110 долари за барел, што е намалување од 3 отсто во однос на вчера. Цената на барел нафта на американскиот пазар е 106 долари.
Претходните две недели цените на нафтата беа поблиску до рекордно ниво, кога цената на барелот беше 121 долар.
Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Биткоинот утрово вреди 20.489 долари, што е речиси 2% во споредба со вчера.
Цената на пченицата е 987 долари за тон, што е намалување за околу 5 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 760 долари, што е исто така пад за повеќе од 3% во однос на вчера.
Извор: slobodenpecat.mk