ДОНЕСОВТЕ ИСТОРИСКА ОДЛУКА – Еврокомесарот му заблагодари на Борисов што дава поддршка за францускиот предлог

Очекуваме владата да го направи она што е неопходно да помине низ парламентот денеска за да може Европа да оди напред, напиша Вархеји веднаш откако Бојко Борисов објави дека ГЕРБ изразува целосна поддршка за предлогот.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји му се заблагодари на лидерот на опозициската партија во Бугарија, Бојко Борисов за историската одлука.

– Му благодариме на лидерот на опозициската ГЕРБ, Бојко Борисов, за историската одлука што ја донесе за Европа и Македонија – усвојувањето на преговорите врз основа на францускиот предлог, кој овозможува продолжување и отворање на преговорите со Македонија. Очекуваме владата да го направи она што е неопходно да помине низ парламентот денеска за да може Европа да оди напред – напиша Вархеји веднаш откако Бојко Борисов објави дека ГЕРБ изразува целосна поддршка за предлогот.

Пред само еден ден Вархеји изјави дека Грција и Македонија успеале да ги надминат разликите и затоа Унијата очекува Бугарија да вложи напори и да се постигне таков резултат.

– Руската агресија ја активира процедурата за пристапување на Украина, Молдавија и Грузија во Европската унија. Но, ова предизвика загриженост во Западен Балкан за нашата политика на проширување. Сакам да појаснам дека земјите од Западен Балкан остануваат приоритет за Унијата, а европската перспектива за регионот денес е посилна од кога било – рече Вархеи во видео-обраќањето.

Тој појасни дека се појасната перспектива за интеграција на земјите од регионот ќе помогне и за нивниот економски развој.

– Процесот на пристапување на Албанија и Македонија во Европската унија мора да продолжи што е можно поскоро – не смееме дополнително да го одложуваме одржувањето на меѓувладините конференции со двете земји – препорача еврокомесарот.

И упати посебен апел: „Бугарија и Македонија мора да постигнат договор. Грција и Македонија успеаја да ги премостат разликите со потпишување договор. Очекуваме Бугарија да вложи напори и да постигне таков резултат“.

Извор: plusinfo.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!