понеделник, 15 август, 2022

Украина е ПОБЛИСКУ ДО ЧЛЕНСТВО во ЕУ од речиси СИТЕ ЗЕМЈИ од Западен Балкан

Колку ќе биде брз процесот на пристапување во Европската унија зависи од земјите кои сакаат да станат членки, а во моментов Украина е поблиску до ЕУ од речиси сите земји од Западен Балкан, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Таа за австриските медиуми го наведе примерот на Босна и Херцеговина, дека пристапните преговори би можеле да започнат веднаш штом БиХ исполни 14 приоритети.

„Ние го сакаме тоа со нас, но за тоа ни треба јасен доказ дека земјата ги споделува нашите вредности, како што се владеењето на правото и демократијата. И да се спротивставиме на руската инвазија“, рече таа.

„Во рацете на земјите кандидати е колку брзо ќе оди процесот“, изјави Фон дер Лајен за „Винер цајтунг“.

Таа ги наведе Словачка и Турција како примери, од кои и двете добија кандидатски статус во 1999 година.
„Словачка направи се што можеше за да ги спроведе потребните реформи и пет години подоцна стана членка. Турција е подалеку од тоа сега отколку тогаш“, рече Фон дер Лајен.

Таа потоа зборуваше за Украина во овој контекст.

„Мојот впечаток е дека тие се многу мотивирани и многу обединети во нивната желба да се приклучат. Тие сакаат да ги спроведат потребните реформи со полна брзина. Претседателот Володимир Зеленски ми рече дека и тие би го направиле истото да не беше членството. Затоа што е добро и за државата и за демократијата. Тоа е една од причините зошто препорачавме кандидатски статус во Европскиот совет“, рече таа, додавајќи дека „војната на Русија против Украина создава посебна ситуација“.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!