Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа

На 20.06.2022 во 11:45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат с.Желино – с.Лешок, во близина на железничката пруга во с. Ратае, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(50) од с.Слатино, тетовско и патничко моторно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(39) од с. Прлубиште, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.Б., а со телесни повреди се здобиле две сопатнички во возилото „пежо“ од с.Прлубиште, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!